Најдобриот играч на Кристал Палас, Вилфред Заха, во финишот на преодниот рок би можел да го засили Челси.
Преодниот рок за Челзи очигледно не е завршен. Според медиумските натписи, „сините“ се најактивни на англискиот пазар.
Цената од 25 милиони евра за Обамејанг и 60 милиони кои Евертон ги бара за Гордон, го принудија Челзи да бара други решенија, со кои Томас Тухел ќе ги реши проблемите во офанзивниот дел од тимот..
Според информациите кои пристигнуваат од Островот, „сините“ решение нашле во Заха, со кого стапиле во контакт.
Наводно, двете страни брзо нашле заеднички јазик, па не е исклучено на крајот од преодниот рок тој да се пресели на Стемфорд Бриџ.
На тренерот Тухел му треба профил играч како Заха од причина што може да ги покрие апсолутно сите позиции во нападот.