Англискиот премиерлигаш Челси сака да го засили тимот во пресрет на новата сезона. Раководството го договори трансферот на Калиду Кулибали кој ќе ја засили одбраната во составот на Томас Тухел, дојде и Рахим Стерлинг, но германскиот стратег сака најмалку уште едно засилување и во нападот.
Откако Рафиња потпиша за Барселона, а Челси извиси за потписот на Бразилецот, сега „сините“ се фокусираат на Рафаел Леао од Милан.
Неговиот договор со „росонерите“ има важност до 2024 година, а има откупна клаузула од 150 милиони евра.
Челси е подготвен да понуди 70 милиони евра, плус 10 милиони во вид на бонуси.