Top Sport

Челси се договори со Каиседо, но не и со Брајтон

Челси постигна договор со Моисес Каиседо за личните услови на играчот, но, сепак, ќе треба многу умешност за да ја договори цената на играчот со Брајтон. Минатата недела стана јасно дека Еквадорецот е една од главните трансферни цели на Маурисио Покетино.

Пред две недели лондончани испратија понуда до „галебите“ вредна 60 милиони фунти, но таа беше одбиена.

Од „Амекс стадионот“ бараат околу 80 милиони фунти за еден од нивните најдобри фудбалери.

Каиседо ќе треба да внесе свежина во средниот ред на Челси, каде Н’Голо Канте веќе замина во Саудиска Арабија, а тоа сигурно ќе го направи и Матео Ковачиќ кој ќе му се приклучи на Манчестер Сити. Иднината на Мејсон Маунт и понатаму е под сериозен сомнеж бидејќи тој одбива да потпише нов договор и е силно посакуван од Манчестер Јунајтед.

 

Scroll to Top