Top Sport

Челси се договориле за трансфер на Бадиашил

Челси се договориле со Монако за трансфер на дефанзивецот Беноа Бадиашил за одлични 34 милиони фунти, тврди британскиот „Атлетик“. 21-годишниот Бадиашил беше долгорочна цел на „сините“, и сега ќе потпише повеќегодишен договор со клубот по финиширањето на лекарските прегледи.

Се очекува ова да е второ од повеќето засилувања за тимот на Греем Потер во зимскиот преоден рок, бидејќи Челси се само деветти во Прмеиеригата по 15 меча, откако претходно се договорија со норвешкиот Молде за трансфер на напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Датро Фофана.

„Гол“, пак, јавува дека клубот е пред договор и за трансфер на фудбалерот од средниот ред на Васко да Гама, Андреј Сантош.

Scroll to Top