Top Sport

Екологистите против Реал поради нивниот лет од 15 минути за мечот со Валјадолид

Еколошките организации во Шпанија ги нападнаа Реал Мадрид, откако „кралскиот“ клуб во петокот за својот прв меч по паузата поради Светското првенство, отпатуваа до Валјадолид со својот приватен авион вреден 350 милиони евра со лет од 15 минути.

ТВ-коментаторот Алваро Ромео ги нападна 14-кратните европски шампиони за тоа што не решиле да патуваат со автобус за пат од 2 часа, велејќи дека се работело за непотребно испуштање на јаглерод диоксид во воздухот.

„Рел Мадрид со авион се вратија од Валјадолид. Се работеше за 15 минути летање. И потоа ќе зборуват за своите дресови кои се направени од рециклирани материјали. Што е ова?“, вели Ромео.

Scroll to Top