Top Sport

Навивачите на Ал-Наср едвај го чекаат Роналдо

Навивачите на саудискиот клуб, Ал-Наср очигледно едвај го чекаат дебито на фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо за нивниот тим, откако во првиот меч по потпишувањето на мега-договорот од 200 милиони евра по сезона, на трибините се извикуваше неговото име и се славеше со неговото препознатливо „Сиу“.

37-годишниот Роналдо во петокот официјално стана член на Ал-Наср по раскинувањето на договорот со Манчестер јунајтед и очекувањата се дека ќе дебитира веќе во четвртк на мечот против Ал-Тае. Навивачите се нетрпеливи – во 7. минута при 1:0 победата над Ал-Халиџ во саботата на гостинскиот стадион „Принц Мохамед бин Фахд“ се извикуваше неговото име и се извикуваше „сиуу“ и се вееја португалски знамиња.

Со голот на Винсен Абубакар и трите поени, Ал-Наср се на првото место на табелата во Саудиската премиерлига. Капацитетот на „Мрсул парк“, стадионот на Ал-Наср е 25 илјади и сигурно ќе се бара билет повеќе за мечот во четврток.

Scroll to Top