Челси се извини на своите лути навивачи откако клубот не успеа да ги заврши работите на додавање на таканаречено стоење на „шина“ на нивниот стадион „Стемфорд Бриџ“. Ова значи дека дел од навивачите нема да можат да присуствуваат на мечот против Кристал палас на отварањето на сезоната и покрај тоа што имаат сезонски билети.
Проблемите со конструкцијата на „Метју Хардинг“ трибината, значи дека стадионот на Челси нема да бие полн за првиот меч од Премиер лигата.
„Сфаќаме дека ги разочаравме нашите фанови и искрено се извинуваме за тоа. Ако сте носител на сезонски билет ќе добиете обесштетување. Почнавме со проект со детален план за завршување на време и сите сме разочарани што не успеавме во тоа“, се вели во соопштението на тимот.
Клубот потврди дека 908 навивачи нема да можат да влезат на „Стемфорд бриџ“ во сабота.