Top Sport

Вилок го комплетираше трансферот во Њукасл

Џо Вилок го комплетираше трансферот од 22 милиони фунти од Арсенал во Њукасл откако импресионираше на „Сент Џејмс парк“ како позајмен фудбалер.

21-годишниот Вилок потпишува долгорочен договор со Њукасл, откако минатата сезона постигна 8 гола во само 14 меча. Тој таму стана најмладиот фудбалер во Премиер лигата кој постигнал гол во седум последователни меча, помагајќи Њукасл да заврши на 12. место на табелата.

„Одлично е што повторно сум тука. Уживав минатата сезона и сега можам да кажам дека сум фудбалер на Њукасл јунајтед. Сакам да се заблагодарам на Арсенал за целата поддршка, но ова е вистински трансфер во исто време. Едвај чекам да излезам на терен пред полн ‘Сент Џејмс Парк’“, изјави Вилок, кој сепак, нема да биде достапен за првиот меч од сезоната во недела против Вест хем.

Scroll to Top