Top Sport

Челси се „молат“ за мир во Украина, британските критичари бараат повеќе

Европскиот шампион Челси, кој е во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович, преку соопштение објави дека се „моли“ за мир во Украина, опишувајќи ја ситуацијата во Украина како „страшна“, но дел од британските критичари бараат лондонскиот клуб да заземе поостар став против Русија и претседателот Владимир Путин.

Абрамович во саботата објави дека го „предава“ клубот на добротворната организација на тимот од Лондон, а дел од медиумите бараат тој да биде санкциониран поради врската со Путин.

„Ситуацијата во Украина е страшна и уништувачка. Мислите на Челси ФЦ се со сите во Украина. Сите во клубот се молат за мир“, се вели во објавата на веб-сајтот на клубот, кој денеска го игра финалето од Лига купот против Ливерпул.

Абрамович останува сопственик на клубот, и не даде објаснување зошто го предава водењето на клубот, ниту како точно тоа ќе функционира. Тој не е под санкции на Британија и покрај барањето на пратениците од опозициската Лабуристичка партија да му биде одземен клубот и неговите имоти во Британија.

Scroll to Top