Top Sport

О’Саливен: Снукерот за 10 години ќе биде кинески како пинг-понгот

Шесткратниот светски шампион, Рони О’Саливен смета дека наскоро во снукерот ќе доминираат кинеските играчи како во пинг-понгот. 46-годишниот мајстор со прекар „Ракета“, кого многумина го сметаат како најдобриот на сите времиња, денеска игра во финалето на Европскиот мастерс против Кинезот Фан Женгју.

О’Саливен го изјави ова по 6:2 победата во полуфиналето против својот добар пријател Лијанг Венбо во Милтон Кејнс. Лијанг и Динг Џунхуи беа првите снукер-играчи со ранкинг од Кина пред 15 години, но Англичанецот вели дека доаѓа новата генерација. Фан, на пример, е четвртиот различен Кинез под 24 години кој игра финале од 2020. Жоу Јуелонг загуби две финалиња во 2020, но Јан Бингтао победи на Мастерсот, а Жао Шинтонг триумфираше на УК шампионатот минатата година.

„Дијанг и Лијанг беа првите кои дојдоа и направија многу за развојот на снукерот. Во Кина имаат фантастични академи и тие се подготвени да ја преземат играта. Мислам дека тоа полека ќе се случи, и дека за 10 години како во пинг-понгот, секој добар снукер играч ќе биде од Азија. Не гледам некој западен талент на такво ниво. Јас имам голема љубов кон Кина, кинеската култура и народот, и прекрасно е да се оди таму. Секогаш сум ги поддржувал и сум и помагал, малку со моето искуство“, вели О’Саливен.

Scroll to Top