Челси ја освоија титулата од Женската суперлига (ВСЛ) во Англија, додека дамите на Ливерпул за разлика од своите машки колеги кои се блиску до трофејот од Премиер лигата, испаднаа од елитата откако конечниот исход беше одреден по формулата поени-по-натпревар.
Фудбалската асоцијација (ФА) ја откажа сезоната уште во мај со 45 меча до крајот, а Челси, иако беа втори на табелата со еден поен зад Манчестер сити, ја освојуваат титулата бидејќи имаат еден одигран меч помалку од Сити.
Ливерпул, кои беа основачи на ВСЛ во 2010 година, беа на последното место на табелата и испаѓаат заедно со Бирмингем сити. Астон вила следната сезона влегува во елитата.