Top Sport

Кордон од воени полицајци го заштитувал судијата (Видео)

Припадници на воената полиција морале да ги заштитат судијата Андрес Акуња и неговите помошници, по завршувањето на полу-финалниот реванш во Копа Либертадорес, помеѓу Гремио и Ривер Плата.

Реваншот го добија фудбалерите на Ривер Плата 2:1 и се пласираа во финалето на најеминентното фудбалско натпреварување во Јужна Америка. Аргентинскиот тим постигна повеќе голови на гостински терени, поради што и ќе се бори за титулата. Првиот меч во Буенос Аирес, му припадна на Гремио 1:0.

Гремио и во реваншот први постигнаа гол преку Лео Гомес. Драмата на стадионот во Порто Алегре започна во самиот финиш, кога Рафа Боре израмни во 82.минута, а пет минути подоцна уругвајскиот судија, со помош на ВАР-системот, досуди пенал за Ривер Плата.

foto: epa

Брешан играше со рака, Акуња досуди пенал, а на играчот на Гремио му го покажа вториот жолт картон. Следуваа жестоки протести на бразилските фудбалери, поради што пеналот беше изведен во 95.минута. Сигурен реализатор беше Гонсало Мартинез.

Мечот заврши по 113 минути игра. Кога Уругваецот означи крај на натпреварот, на теренот влезе воената полиција за да го заштити него и неговите помошници од незадоволните домашни фудбалери и навивачи.

Ривер Плата се први финалисти во Копа Либертадорес (Видео)

Scroll to Top