Top Sport

Челси сериозно заинтересирани за Зијеш

Френк Лампард и Челси сериозно го следат фудбалерот од средниот ред на Ајакс, Хаким Зијеш, откако не успеаја да го донесат во текот на зимскиот преоден рок, и трансферот е сосема реален ако се знае дека „сините“ по забраната за трансфери планираат да потрошат над 150 милиони фунти во текот на летото, јавува „Дејли телеграф“.

26-годишниот Зијеш во август потпиша нов договор со холандскиот шампион, но холандските извори јавуваат дека ова најверојатно е неговата последна сезона со „копјаниците“. Покрај Зијеш, главна цел на Челси е и Џејдон Санчо, иако сумата од над 100 милиони фунти и конкуренцијата од Манчестер јунајтед можат да претставуваат проблем. Се очекува Зијеш да чини околу 42 милиони фунти и тоа ќе му остави на Лампард доста пари за трка по други фудбалери, како бекот на Лестер, Бен Чилвел.

Зијеш ја „тероризираше“ одбраната на Челси во текот на ремито со Ајакс на „Стемфорд бриџ“ оваа сезона и тоа апсолутно го импресионирало Лампард.

Scroll to Top