Top Sport

Суспензија за италијанскиот судија кој со глава удри голман!

Италијанскиот фудбалски судија Антонио Мартиниело доби едногодишна суспензија откако ги загуби нервите и со глава удри голман на меч од малите лиги во Италија, објави новинската агенција „АНСА“.

Во мечот помеѓу Борго Мољано и Монтотоне во Мачерата  на 1 февруари, Мартиниело му дал црвен картон на голманот на Борго Мољано, Матео Чиколи при 3:1 победата. Но, тука не бил крајот. Двајцата се сретнале потоа пред соблекувалната кога голманот барал објаснување за картонот, а судијата го удрил со глава по што Чиколи завршил во болница.

Суспензијата на судијата не само што ќе го спречи да биде судија следната година, туку исто така значи дека не смее да влезе во објектите на било кој фудбалски клуб од трите лиги, аматерските лиги и мечевите на италијанската репрезентација.

Scroll to Top