Тимот на Челси пропушти голема шанса да си ги зголеми шансите за пласман во Лигата на шамшпионите, откако одигра само 1:1 со Хадерсфилд на домашен терен, со што се на два поени зад четвртопласираните Ливерпул на само едно коло пред крајот.
Хадерсфилд дојде до водство во 50. минута од мечот преку Лорен Лепотр, и иако „сините“ бргу одговорија преку Маркос Алонсо во 62. минута, до крајот на мечот не успеаја да стигнат до толку потребната победа. Од друга страна поенот за Хадерсфилд обезбеди дека тие и следната година ќе играат во Премиер лигата.
Арсенал пак, во претпоследниот меч под водство на Арсен Венгер, доживеа тежок 3:1 пораз на гостувањето кај Лестер сити. „Топчиите“ од 15-тата минута играа со играч помалку по исклучувањето на Мавропанос, нешто што домаќините го искористија и со два гола во второто полувреме го „скршија“ ремито.
ЧЕЛСИ – ХАДЕРСФИЛД 1:1
ЛЕСТЕР – АРСЕНАЛ 3:1
МАНЧЕСТЕР СИТИ – БРАЈТОН 3:1
ТОТЕНХЕМ – ЊУКАСЛ 1:0