Top Sport

Челси со изненадувачка понуда за талентот на Сити, Кол Палмер

Челси неочекувано дале понуда од 35 милиони фунти за талентот на Манчестер сити, Кол Палмер, но „граѓаните“ ја одбиле понудата за својот 21-годишен напаѓач бидејќи тој е во плановите на Пеп Гвардиола, тврди „Гардијан“.

Маурисио Почетино веќе доби десет нови фудбалери ова лет, вклучувајќи ги напаѓачите Николас Џексон и Кристофер Нкунку, но аргентинскиот тренер смета дека му се потребни повеќе опции во нападот. Палмер има 41 настап за Сити, но од нив само 13 беа како стартер, и има постигнато шест гола. Неговата позиција во тимот е како трет напаѓач зад Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез.

Бидејќи преодниот рок завршува во петок, Челси ќе треба бргу да решат дали да дадат нова понуда.

Scroll to Top