Top Sport

Мехди Тареми е новиот напаѓач на Милан

Милан го пронајде напаѓачот по кој трагаше во текот на целиот летен преоден рок, тврдат италијанските медиуми.

На „Сан Сиро“ доаѓа иранскиот репрезентативец и член на Порто, Мехди Тареми.

Тареми има 31 година, а неговата моментна цена е 18 милиони евра.

Овој ирански интернационалец пред Порто настапуваше за Рио Аве, а со „росонерите“ веќе ги договорил личните услови.

Тој ќе добие три милиони евра, покрај еден милион евра бонуси, за трите сезони кои ќе ги помине на „Сан Сиро“.

 

 

Scroll to Top