Челси, откако вчера и официјално доби нов газда, ќе инкасира фантастични 25 милиони фунти бидејќи Еден Азар, малку подзаборавен на „Сантијаго Бернабеу“ ја освои титулата од Лигата на шампиони.
Белгиецот замина во Реал од Челси во 2019 во скап договор од 88.5 милиони фунти (120 милиони евра), и во договорот имаше клаузула со која целосната цена може да скокне на 130 милиони фунти.
Челси инкасираа 20 милиони фунти кога Реал Мадрид ја освоија Ла лига и се квалификуваа за ЛШ во 2020, а сега според британските медиуми, ќе добијат уште повеќе – 25 милиони фунти за освоената титула, и покрај тоа што Азар, како многу пати оваа сезона, не беше дел од тимот на Карло Анчелоти.