Top Sport

Челси со прв трансфер по година дена – доаѓа тинејџерот Фиабема

Брајан Фиабема, членот на У-17 репрезентацијата на Норвешка, е првото засилување за Челси по крајот на забраната за трансфери, доаѓајќи од Тромсо за 1 милион фунти, јавува „Дејли мирор“.

16-годишниот Фиабема, кој има 8 гола за својата репрезентација, потпишува трииполгодишен договор со клубот од „Стемфорд бриџ“ и веќе се фотографираше со менаџерот Френк Лампард.

Челси добија забрана за трансфери во два преодни рока од ФИФА во февруари поради прекршување на правилата на договорите за младински фудбалери, но во декември го добија случајот пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) и нивната казна беше преполовена.

„Сините“ го направија трансферот на Матео Ковачиќ од Реал Мадрид перманентен, но тој веќе беше регистриран како нивни фудбалер, а Фиабема е првиот нов трансфер од тој на Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд минатиот јануари.

Scroll to Top