Top Sport

Два дена, две победи за Карл Гајгер (видео)

Германецот Карл Гајгер стигна до својата втора едноподруго победа во Светскиот куп во скијачки скокови, триумфирајќи на малата скокалница во италијанскиот ски-центар Вал ди Фиеме.

Гајгер, кој беше втор по првата серија, успеа да го победи Австриецот Штефан Крафт за нецели пет поени за ново германско славје. Гајгер имаше скокови од 107 и 103.5 метри за да собере285.2 поени, а Крафт беше втор со 280.5 поени (103.5 и 101 метар), а последното место на подиумот отиде кај шампионот од новогодишната турнеја „4 скокалници“, Полјакот Давид Кубацки со 102.5 и 101 метар. Интересно, ова е истиот подиум и од вчерашното натпреварување.

Гајгер останува лидер во генерален пласман со 819 поени, пред Крафт со 699 и актуелниот шампион, Јапонецот Рјоју Кобајаши, кој беше само 17., со 655 и Кубацки со 564.

Следната недела на програмата се две натпреварувањата на германската скокалница во Титизе-Нојштад.

Scroll to Top