Top Sport

Малер за Барса – Суарез може да не заигра до крајот на сезоната

Барселона може да биде без Луис Суарез до крајот на сезоната 2019/20, откако каталонскиот тим потврди дека уругвајскиот напаѓач бил на операција на десното коленото, за која рехибилитацијата трае најмалку четири месеци.

Уругваецот доби удар при 3:2 поразот од Атлетико Мадрид во Џеда во четвртокот, враќајќи ја старата повреда која ја имаше на крајот на минатата сезона. Без Суарез, Ернесто Валверде нема многу опции во нападот и покрај пристигнувањето на Антоан Гризман.

32-годишниот Суарез одигра 23 меча за Барселона оваа сезона во кои постигна 14 гола, а имаше и седум асистенции. Не е јасно дали сега Барса ќе се обидеда донесе замена за него во преодниот рок и покрај интереснот за Лаутаро Мартинез. Каталонците се први во Ла лига, но со ист број на поени со второпласираните Реал Мадрид и со подобра гол-разлика.

Scroll to Top