Челси се подготвени по потписот на Хаким Зијеш од Ајакс да го засилат својот тим ова лето и со англискиот талент на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, тврди „Франс фудбал“.
Френк Лампард призна дека е можно да се тргне по нови засилувања откако обезбедија Мароканецот Зијеш во текот на летото да се приклучи на „Стемфорд бриџ“, а француските медиуми тврдат дека талентираниот Санчо е прва мета, иако за него ќе треба добро да платат.
И Манчестер јунајтед се поврзувани со тинејџерот според нивната политика да го подмладуваат тимот со фудбалери од островот, но Челси први реагираат и планираат да одат до крај за трансферот, бидејќи имаат доволно пари по заминувањето на Еден Азар во Реал Мадрид во 2019 година.
Дортмунд ќе се обидат да го срушат сопствениот рекорд од 105 милиони евра за трансферот на Усман Дембеле во Барселона во 2017 година.