Англискиот премиерлигаш Челси сака да го засили тимот со уште еден квалитетен напаѓач до крајот на летниот преоден рок. Најверојатно од „Стемфорд бриџ“ ќе замине и Тимо Вернер, па менаџерот Томас Тухел сака да се обезбеди со ушта опција во навалната линија.
Неговиот избор падна на Пјер-Емерик Обамејанг, напаѓачот на Барселона. Тој во минатото го носеше дресот на Арсенал и одлично ги познава состојбите во Премиерлигата, па Тухел има желба да го врати во Лондон, но овојпат во „синиот“ дел од градот.
Челниците на Челси ги отпочнале преговорите со Барселона и за Обамејанг, со оглед дека веќе подолг период преговараат за продажбата на Цезар Аспиликуета и на Маркос Алонсо на „Камп Ноу“.
Од друга страна, Брајтон негираше дека има постигнато согласност со Челси за трансферот на Марк Кукуреља. Овој клуб се покажа како многу тежок за преговори, а претходно и раководството на Манчестер Сити не успеа да постигне договор за шпанскиот интернационалец.