Top Sport

Челси тргнува во финална акција за Обамејанг и за Де Јонг

Челси ќе направи обид да ги искористи сериозните финансиски проблеми на Барселона и да ги „грабне“ Пјер-Емерик Обамејанг и Френки де Јонг. Преговорите меѓу двете страни се веќе започнати и се очекува да продолжат до крајот на оваа седмица.

Менаџерот на лондонските „сини“, Томас Тухел, сака да го доведе на „Стемфорд бриџ“ својот поранешен играч од времето кога заедно соработуваа во Борусија Дортмунд, бидејќи не е особено задоволен од неговите напаѓачки опции. Неговиот тим летово се раздели со двајца офанзивни играчи, Ромелу Лукаку и Тимо Вернер, а Германецот сака да има повеќе опции во нападот.

Челси и Барселона разговораат и за Френки де Јонг, но се уште е нејасно дали фудбалерот за врска воопшто сака да го напушти „Камп Ноу“.

Scroll to Top