Top Sport

Теодор Симиќ се приклучи на сениорскиот национален тим

Теодор Симиќ од денеска е дел до сениорската национална селекција. По настапите на јуниорскиот Евробаскет во Турција, најмладиот репрезентативец му се стави на располагање на новиот селектор Александар Јончевски на подготовките кои пред неколку дена стартуваа во Маврово.

Тој треба да ја засили центарската линија во нашата сениорска селекција која го одработува четвртиот ден од подготовките.

Македонија е во очекување на вториот круг од претквалификациите за Евробаскет 2025 година. Прво на 25 август ќе гостува во Нествед против Данска, а три дена подоцна против Словачка ќе игра на домашен терен, во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Во Маврово од вчера веќе е и Андреј Јакимовски, па селекторот Јончевски ќе го очекува само уште доаѓањето на Ненад Димитријевиќ, кој побара и доби одреден временски простор за „преселбата“ од Валенсија во Казан, каде, како играч на Уникс ќе настапува во наредната натпреварувачка сезона.

Scroll to Top