Top Sport

Челси во Дортмунд испратиле понуда за Халанд

Од „Стефорд Бриџ“, во Дортмунд ја испратиле првата понуда за напаѓачот Ерлинг Халанд. Актуелниот европски првак, Челси, за норвешкиот напаѓач, понудиле кеш и еден фудбалер.

Англискиот печат, објави дека Лекси се подготвени да го испрата во Дортмунд напаѓачот Тами Ејбрахам, чии услуги не ги користи менаџерот Томас Тухел и 70 милиони евра.

На Челси му е потребен напаѓач, минатата сезона најдобар стрелец беше Жоржињо.

Халанд, минатата сезона, постигна 28 голови на 27 натпревари.

Истите извори кои објавија дека Челси испратиле понуда за Халанд, тврдат дека Дортмунд ќе ја одбијат оваа понуда.

Scroll to Top