Top Sport

Мајсторски гол на Миранчук – Русија води против Финска

Русија, има предност од 1:0, против Финска по првиот полувреме. Ова е натпревар од второто коло, во Б-групата. Во првата рунда, Русите доживеаја дебакл од Белгија (0:3), додека Финска ја победи Данска (1:0).

Првото полувреме, понуди голема борба во Санкт Петербург. Финците први се заканија, Похјанпало постигна гол во третата минута, кој потоа судијата Макели го поништи по сугестијата од ВАР собата. Стрелецот на голот беше во офсајд.

Русите во 24.минута останаа без Марио Фернандеш, кој го напушти теренот поради повреда.

Потоа се редеа возбудувања пред двата гола, но мрежите мируваа.

Русите до предност дојдоа со мајсторскиот гол на Алексеј Миранчук во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел.

Scroll to Top