Рафаел Леао, најдобриот играч на Милан во тековната сезона, ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Извесно е дека Португалецот ќе се пресели во Премиер лигата, прашање е само кој ќе победи во трката за неговиот потпис, Челси или Манчестер сити.
Рафаел Леао, според италијанските медуми, ги игра последните натпревари за Милан. Овие извори најавуваат негов трансфер по Светското првенство. Милан нема да се противи доколку добие понуда од 120.000.000 евра.
Клубот ќе го продаде Португалецот, откако тој одби да преговара за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Леао истекува во јуни 2024 година.
Како сега стојат работите, челси има предност пред Манчестер сити. Наводно, тој веќе бил запознат со новиот клупски проект.
За да ја намали оштетата, Челси на Милан му понудиле еден играч. Ако Милан се согласи ќе избира помеѓу Хаким Зијеш и Армандо Броја.