Top Sport

Челси заинтересирани за Мертенс

Челси веќе контактирале со Наполи за можноста да го донесат белгискиот ветеран Дрис Мертенс во последните денови од зимскиот преоден рок, откако менаџерот Френк Лампард потврди дека му треба засилување на тимот во нападот.

„Сините“ претходно беа заинтересирани за Единсон Кавани од Пари Сен-Жермен, но Уругваецот се надева дека ќе замине во Атлетико Мадрид во последните 48 часа од преодниот рок, додека Мертенс има договор до крајот на сезоната.

32-годишниот Белгиец е втор најдобар стрелец во историјата на клубот со 118 голови и со само три дополнителни голови ќе се израмни со Марек Хамшик, но во последно време имаше конфликт со претседателот на тимот Аурелио ди Лаурентис, кој го обвини дека тој е еден од предводниците на бунтот по кој од тимот беше отпуштен Карло Анчелоти.

Scroll to Top