Top Sport

Квартараро ќе го замени Валентино Роси во Јамаха во 2021 година

Французинот Фабио Квартараро ќе стане фабрички возач на Јамаха во 2021 година како колега на Маверик Вињалес на местото на ветеранот Валентино Роси, потврдија од јапонскиот тим. Иако иднината на „Докторот“ Роси не е потврдена, очигледно дека или ќе оди во пензија или ќе вози за еден од сателитските тимови на Јамаха.

„Јамаха и Роси взаемно се договорија дека личната одлука дали тој ќе остане активен возач во 2021 ќе биде донесена во средината на 2020“, се вели во соопштението на Јамаха.

По само една победа во Мото3 и во Мото2 класата, Квартараро доби шанса во Мото ГП со новиот Петронас Јамаха тим во 2019 година. 20-годишниот Французин одговори со фантастичени седум подиуми, шест пол-позиции и две борби со Марк Маркез за победа во последниот круг.

„Пресреќни сме што Фабио ќе се приклучи на фабричкиот тим на Јамаха за 2021 и 2022 година. неговите резултати во деби сезоната беа фантастични и покажаа дека се работи за исклучителен возач. Оваа сезона тој ќе го комплетира договорот со Петронас Јамаха и ќе добие фабрички УЗР-М1 мотоцикл и целосна поддршка од компанијата“, додаваат од Јамаха.

Scroll to Top