Челси нудат 15 милиони фунти за српскиот голман на Њу Ингланд револушн, Ѓорѓе Петровиќ, кој би бил замена за Кепа Аризабалага на „Стемфорд Бриџ“.
Челси го продадоа Едуар Менди на Ал-Ахли во Саудиска Арабија, и го пратија Кепа на позајмица во Реал Мадрид (како замена за повредениот Тибо Куртоа), но веќе го донесо Роберт Санчез од Брајтон како прв голман, така што Петровиќ би бил негова замена.
Американските медиуми го оценуваат Петровиќ како најдобар голман во американската МЛС лига, и тој повеќе пати беше поврзуван со европски клубови, вклучувајќи го и Манчестер јунајтед.