Полицијата во Прага уапси 14 англиски навивачи откако тие правеа хаос во центарот на чешката престолнина и се судрија со полицијата.
Иако за англиските навивачи имаше 3.800 билети, полицијата направи проценка дека има повеќе од 5.000 навивачи, од кои дел од нив околу 19 часот почнале да фрлаат со шишиња кон полицајците, по што тие интервенирале.
„Секогаш е разочарувачки и повеќе пати сме зборувале дека треба да има подобро однесување од нашите навивачи“, изјави англискиот селектор Герет Саутгејт по 2:1 поразот.
Чешка ја „спакува“ Англија во 85 минута, лоб-ремек дело на Роналдо (видео)