Осум чешки фудбалски навивачи се уапсени во Косово, откако планирале да летаат дрон со про-српска порака во текот на денешниот меч помеѓу двете репрезентации како дел од квалификациите за Европското првенство.
Михал Јурман, портпаролот на чешката федерација, потврди дека шест мажи и две жени се уапсени во близината на Приштина, а полицијата запленила дрон, српско знаме и банер на кој пишувало „Косово е Србија“, покрај пиротехничкиот материјал и шест ножа. Инцидентот се случил во петокот.
Ова требаше да биде „реванш“ за (не)славниот инцидент кој се случи на мечот Србија-Албанија во Белград пред неколку години, кога албанските навивачи успеаја да летаат дрон со знаме на голема Албанија.
На ова одговори и капитенот на косовската репрезентација, Ваљон Бериша, кој прати порака преку социјалните мрежи: „На балканските стадиони може да има само едно знаме“ со фотографија од дронот од Белград од 2014 година.