Манчестер сити, синоќа, со пораз стартуваше во новата сезона во Лигата на шампионите. Четата на Пеп Гвардиола загуби на домашен терен од Олимпик Лион (1:2) поставувајќи негативен рекорд.
Манчестер сити стана првиот англиски клуб што успеал да забележи четири порази по ред во Лигата на шампионите.
Лошата серија започна минатаta сезона во нокаут фазата, кога Сити беа порази в осмина-финалниот реванш од Базел. Потоа следуваа двата порази во четврт-финапето од Ливерпул и овој во новата сезона од Лион.
Интересно три од четирите порази Манчестер сити ги доживеал на домашен терен.
Нареден противник на Манчестер сити во Лигата на шампионите ќе му биде дебитантот од Германија, Хофенхајм.
4 – Manchester City are the first English team to lose four consecutive Champions League matches in the competition’s history. Surprising. pic.twitter.com/of1x71hxC3
— OptaJoe (@OptaJoe) September 19, 2018