Top Sport

Четата на Тухел ги „искуба петлите“ и се качи на втората позиција

Лондонското дерби меѓу Тотенхем и Челси им припадна на „сините“ со резултат 3-0.

Иако ударната игла во составот на Томас Тухел, белгискиот ас Ромелу Лукаку денеска не беше прецизен, сепак во таборот на Челси расположени за голови беа дефанзивците Тијаго Силва, Антонио Ридигер и креаторот на играта, Нголо Канте.

По првите 45 минути мрежите мируваа, а немаше ниту големи возбудување во двата шеснаесетника.

Во вториот дел уште на стартот, во 49 минута Маркос Алонсо одлично нафрли од корнер, а Силва највисок во скокот со глава носи гостинска предност од 1-0.

Не поминаа ниту 8 минути, а на семафорот веќе стоеше 0:2.

Канте доби пас и се обиде од дистанца да ги испроба можностите на репрезентативниот колега, Уго Лорис. На патот кон неговата мрежа топката закачи еден од „петлите“ и го смени правецот за втор гол за Челси.

Во 75 минута Силва имаше уште една добра можноста со глава за трет гол за својот тим, но овојпат Лорис беше на висина на задачата.

Комплетната доминација на „сините“ резултираше во второто полувреме за Тотенхем само еднаш да се закани кон голот на Менди.

Точка на мечот стави стоперот Ридигер кој најдобро се снајде во шеснаесетникот на домаќините и во 92 минута ја погоди мрежата на Спарси за конечни 3-0.

По 5 кола, Челси заедно со Ливерпул и Јунајтед имаат по 13 бодови, со 4 триумфи и само едно реми.

Scroll to Top