Top Sport

Четири гола за Антонио, два за Дини (Видео)

Фудбалерите на Вест Хем и Вотфорд во 35 коло веројатно ги освоија клучните поени во борбата за опстанок во Премиерлигата. Вест Хем славеа кај Норич со 4:0, додека Вотфорд со пресврт славеа против Њукасл со 2:1. Херои на победите на своите тимови се Антонио (Вест Хем) и Дини (Вотфорд).

Англискиот репрезентативец Микел Антонио во Норич го одигра мечот на кариерата ги постигна сите четири гола за победата на Вест Хем, со која „чеканите“ многу веројатно ќе обезбедат опстанок.

Во Вотфорд ветеранот Трој Дини со два пати беше прецизен од белата точка со што направи пресврт по водството што го имаше Њукасл со голот на Двајт Гејл.

Норич се веќе испаднатаи од Премиерлигата, а во пресрет на натпреварите на Борнмут со Лестер и Астон Вила со Кристал Палас, Вест Хем и Вотфорд имаат шест поени повеќе од овие два тима.

Scroll to Top