Top Sport

Четири великани во трка за потписот на Закарија

Четири фудбалски великани се во трка за потписот на Денис Закарија (25). Фудбалерот на Борусија Менхегладбах, ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната.

„Закарија во своите редови скаат да го видат Јувентус, Баерн, Ливерпул и Барселона. Сите ги направиле првите контакти. Започна трката за неговиот потпис“, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Борусија за Закарија, пред четири години, на Јанг Бојс им плати 12.000.000 евра. Според „Трансфермаркт“ вредноста на фудбалерот изнесува 27.000.000.

Во кариерата за Борусија, Закарија, одиграл 141 натпревар, за Швајцарија настапил на 40 натпревари.

Scroll to Top