Top Sport

Гастон Рамирез во Монца

Фудбалскиот клуб Монца, попладнево претстави уште едно звучно засилување. Нов играч на клубот стана искусниот Уругваец, Гастон Рамирез.

Гастон Рамирез во Монца дојде како слободен играч. Без клуб е од јуни кога му истече договорот со Сампдорија.

Фудбалерот кој во Италија пристигна од Пењарол пред 11 години, со Монца потпиша договор до крајот на сезоната.

Рамирез кариерата во Италија ја започна во Болоња. По две сезони се пресели во Саутемптон каде стана најплатениот играч во клупската историја. Во Англија не се снајде, па заври на позајмици во Хал и Модлзброу. Во Италија се врати во 2017 година, во Сампдорија.

Сопственик на Монца е Силвио Берлускони, а клубот го води Адријано Галијани.

На табелата во Серија Б, Монца се наоѓа на петтото место со четири бода помалку од водечката Пиза.

Scroll to Top