Top Sport

Четворица македонски мускетари ќе имаат фудбалска пролет во Европа

Заокружена е групната фаза и во Лига Европа и во Конференциската лига на УЕФА, а европска пролет ќе имаат четворица македонски фудбалери.

Елиф Елмас е единствениот во Лигата на шампионите, Езгјан Алиоски ќе биде единствен во Лига Европа, додека во Конференциската лига ќе играат Енис Барди и Иван Тричковски.

Елмас и Наполи се носители на ждребот за нокаут фазата откако завршија први во групата, а слична е ситуацијата и со Алиоски и Фенербахче.

Во Конференциската лига ќе играат Енис Барди со Трабзонспор и Иван Тричковски со АЕК Ларнака. Тие во ова натпреварување влегуваат како третопласирани од Лига Европа и ќе бидат во вториот барабан при ждребот кој е закажан за в понеделник, во 12, односно во 14 часот.

Scroll to Top