Top Sport

Никола Јокиќ го надмина Вилт Чемберлен, Голден Стејт загуби од Орландо

Србинот Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс, стана центар со најмногу трипл-дабл постигнувања во историјата на НБА. Во третата четвртина од натпреварот против Оклахома Сити Тандер, Јокиќ стигна до 79. трипл-дабл во кариерата, надминувајќи го легендарниот Вилт Чемберлен.

Денвер Нагетс славеше против Оклахома Сити Тандер на гости со 122:110. Шаи Гилџес – Алексендер со 37 поени беше најефикасен во редовите на Оклахома, која на крајот сепак загуби од Денвер Нагетс. Гостите поентерски ги предводеше Арон Гордон кој уфрли 27.

Никола Јокиќ го заврши мечот со 15 поени, 13 скока и 14 асистенции.

Орландо Меџик му нанесе уште еден пораз на Голден Стект Вориорс. Иако шампионите имаа водство и од 16 поени разлика на овој меч, сепак, потклекнаа во финишот и загубија со 130:129. Го имаа последниот шут за победа, но не успеаја да го реализираат.

Стеф Кари постигна 39 поени, го следеше Клеј Томпсон со 27, но херој на Орландо беше Џелен Сагс со 26 кошеви, од кои дури 15 во последната четвртина.

Scroll to Top