Top Sport

Меси сениор: Не постои клаузула од 700.000.000 евра

Додека фудбалскиот свет и пред сите навивачите на Барселона ја чекаат објавата на Лионел Меси дали ќе остане или ќе го напушти клубот, се огласи таткото на фудбалерот Хорхе Орасио Меси.

Таткото на Меси кој исто така е и негов менаџер испратил писмо до бордот на Ла Лига. Во писмото Меси сениор го демантира ставот на Ла Лига дека клаузулата од 700.000.000 евра мора да биде платена доколку Меси сака да ја напушти Барселона.

Од друга страна семејството Меси тврди дека клаузулата е поништена со завршувањето на сезоната.

Интересно писмото до бордот на Ла Лига таткото на Меси го испратил на 30 август.

„Не знаеме кој договор е анализиран и на кој начин е заклучено дека постои клаузула за обесштетување, која се активира доколку играчот реши да го раскине договорот по завршувањето на сезоната 2019/2020. Ова е очигледна грешка на Ла Лига. Клаузулата 8.2.3.6 од договорот кој го потпишале клубот и фудбалерот буквално вели: „оваа компензација нема да важи доколку еднострано договорот биде раскинат на крајот од сезоната 2019/2020“. Во тој случај, јасно е дека клаузулата од 700.000.000 не важи“, стои во писмото што го испратил Хорхе Меси.

Scroll to Top