Жозе Мурињо, синоќа доби црвен каротон на натпреварот во Кремона. Неговата Рома на крајот доживеа пораз од Кремонезе (2:1). Кремонезе ја забележа првата победа сезонава во Серија А. Воедно ова е прва победа за овој тим во Серија А, по пауза од 27 години.
„Не сум луд, нешто се случи штом така реагирав. Ќе прашам дали нешто може да се направи законски. За прв пат во кариерата четвртиот судија зборуваше со мене на неприфатлив начин. Тој кажа работи кои ја предизвикаа мојата реакција“, изјави по мечот Португалецот.
Италијанските медиуми открија што му рекол четвртиот судија, Марко Сра на Жозе Мурињо. Поради овој случај Фудбалскиот сојуз на Италија отвори истрага.
Мурињо побарал објаснување од Сера, по еден дуел помеѓу неговиот играч Мараш Кумбула и Франк Таџут.
„Гледај си ја својата е…а грижа“, рекол Сера.
.
По црвениот картон, Сера наводно му ја кажал следната реченица: „Сите те исмејуваат, оди си дома“.