Top Sport

Лејкерси убедливо најстара екипа во НБА, една од најстарите во историјата

Меѓу 12-те највозрасни кошаркари во НБА лигата во моментов дури половина го носат дресот на ЛА Лејкерс. „Езерџиите“ минатата сезона брзо го заврпија својот плеј-оф пат, се сопнаа на Феникс Санс.

Во сезоната која е пред нас ЛА Лејкерс имаат само една цел – освојување на шампионскиот прстен.

Интересен е податокот дека Лејкерси немаат само моментно највозрасна екипа, туку тимот е составен од играчки кадар кој е еден од највозрасните во лигата во историјата.

Ова се најстарите играчи во НБА за иднава сезона:

Удонис Хаслем (Мајами Хит) – 41 година
Андре Игудала (ГС Вориорс) – 37 години
Кармело Ентони (ЛА Лејкерс) – 37 години
Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс) – 36 години
Марк Гасол (ЛА Лејкерс) – 36 години
Пол Милсап (слободен играч) – 36 години
Пи Џеј Такер (Мајами Хит) – 36 години
Крис Пол (Феникс Санс) – 36 години
Теј Гибсон (Њујорк Никс) – 36 години
Тревор Ариза (ЛА Лејкерс) – 36 години
Двајт Хауард (ЛА Лејкерс) – 35 години
Ражон Рондо (ЛА Лејкерс) – 35 години

Scroll to Top