Одбраната на титулата од германскиот куп за Ајнтрахт Франкфурт заврши на првата пречка, откако „орлите“ беа елиминирани на гостувањето кај четвртолигашот Улм со 2:1 пораз, додека Роберт Левандовски успеа да го спаси Баерн и да стигне до победа од 1:0 со гол во 82. минута против Дрохтерзен.
Улм, тим кој последен пат играше во Бундеслигата во 1999 година (само една сезона), дојде во водство во 48. минута, а во 75. минута веќе беше 2:0, пред Пасиенсија да постигне гол за Ајнтрахт во последната минута од мечот.
ДФБ КУП, 1/32 ФИНАЛЕ
Дасендорф – Дуизбург 0:1
Дрохтерзен/Асел – Баерн Минхен 0:1
Елверсберг –Волфсбург 0:1
Кајзерслаутерн – Хофенхајм 1:6
Линкс – Нирнберг 1:2
Форцхајм – Баер Леверкузен 0:1
Улм – Ајнтрахт Франкфурт 2:1
Вормс – Вердер Бремен 1:6