Top Sport

Марко Пејчиновски за Голема Богородица најави нов подвиг

Марко Пејчиновски (13), момчето кое има доживеано инфаркт на долните екстремитети, лани ја воодушеви целата македонска јавност кога ја исплива делницата од Свети Наум до Охрид најави нов подвиг.

Пејчиновски за празникот Голема Богородица ќе ја плива релацијата Охрид-Св. Наум-Струга-Охрид.

„Здраво,

Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажвам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.

Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите!“, напишал Марко Пејчоновски на својот профил на „Фејсбук“.

фото/facebook.com/MarkoPejchinovskiOfficial

Scroll to Top