Бен Чилвел, поради повреда, ќе отсуствува најмалку шест недели. Левиот бек на Челси се повреди во вторникот, против Јувентус, во Лигата на шампионите.
„Откако ќе минат тие шест недели ќе знаеме дали ќе може да игра или ќе треба да се оперира“, изјави менаџерот на Челси, Томас Тухел.
Чилвел се повреди по еден дуел со Адрејен Рабио.
Поранешниот играч на Лестер на последните пет натпревари за Челси постигна четири гола.