Top Sport

„Чиста шпекулација“ е дека Катарците веќе го купиле Манчестер Јунајтед

Информацијата дека шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани ја добил битката за Манчестер Јунајтед дојде од Катар и вчера ги обиколи сите водечки медиуми на Островот, но во моментов тоа не е потврдено од тимот на шеикот. Опкружувањето на супербогатиот кандидат за 20-кратниот шампион на Англија објави дека оваа вест засега останува „чиста шпекулација“ и претпочитаат да останат во позиција на чекање додека актуелните сопственици, семејството Глејзер, не ја соопштат својата одлука.

Ова се очекува да се случи кон крајот на оваа недела.

Вчера, уште еден познат катарски бизнисмен, Заид Ал Хамдан, го искористи својот профил на Твитер за да му честита на шеикот Jасим за договорот. Објавата собра над 25.000 лајкови.

Цената на акциите на Манчестер Јунајтед накратко скокна за околу 30%. После тоа, сепак, ентузијазмот стивна и почнаа да се појавуваат други информации.

Според британските медиуми, ниту еден од кандидатите за купување на Манчестер Јунајтед сè уште не добил одговор од семејството Глејзер и шансите на шеикот Јасим и на Сер Џим Ретклиф остануваат подеднакви.

Scroll to Top