Top Sport

Член на семејството Ањели го дизајнираше новото лого на италијанската федерација

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) го откри своето ново лого, во обид да го „модернизира“ изгледот на федерацијата која ја донесе европската титула ова лето. Интересно, тоа е дизајнирано од „Италија индепендент“, креативната агенција чиј претседател е Лапо Елкан, член на семејството Ањели, сопствениците на Јувентус, Фиат и Ферари.

„Како Италијанец, нема нешто што ме прави погорд од дизајнирањето на логото на ФИГЦ“, вели Елкан, кој е братучед на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Редизајнот е иницијатива на претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина во обид да се покаже дека „почна проектот на иновации“ во италијанскиот фудбал. Слично како Белгија, Германија и Шпанија, сега федерацијата на Италија ќе има различно лого од националната репрезентација.

Логото е со сина подлога, како дресот на „аѕурите“, со боите на италијанската тробојка и со четирите ѕвезди, кои ги претставуваат четирите титули од Светските првенства на Италија.

Scroll to Top