Top Sport

Чоло останува најплатен тренер на светот, четири Италијанци во топ 10

Диего Симеоне останува најплатениот фудбалски тренер на денешницата, иако овие податоци не се објавуваат јавно, тврид францускиот „Л’Екип“.

Според нивните извори, стратегот на Атлетико Мадрид заработува фантастични 40 милиони евра на позицијата која ја има од декември 2011 година. Тој има договор со клубот до јуни 2024 година, а неодамна беше споменуван како кандидат за испразнетото место во Манчестер јунајтед.

На второто место е менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола со одлични 23 милиони евра по сезона, а и следните двајца на листата доаѓаат од Премиерлигата – 18 милиони евра за Јирген Клоп во Ливерпул и 18 милиони евра за Антонио Конте во Тотенхем.

Макс Алегри го комплетира топ 5 со 12 милиони евра по сезона, а неговиот италијански сонародник, Карло Анчелоти за вториот престој на кормилото на Реал Мадрид добива 11 милиони евра по сезона. Маурисио Почетино во ПСЖ добива 13 милиони евра, Жозе Мурињо добива 9.2 милиони евра од Рома, а Јулијан Нагелсман во Баерн и Симоне Инзаги имаат годишна плата од 7 милионуи евра.

Scroll to Top