Top Sport

Ковингтон и Масвидал со улична пресметка во Мајами!

УФЦ ѕвездите Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал биле вклучени во тепачка во ресторан во Мајами Биџ во понеделникот, јавуваат американските медиуми, откако Масвидал доби и официјална полициска пријава.

Двајцата поранешни пријатели станаа лути ривали и непријатели, а неодамна, на 5 март, Ковингтон стигна до убедлива победа над Масвидал на УФЦ 272 во Лас Вегас. 34-годишниот Ковингтон и 37-годишниот Масвидал се степале пред еден ресторан во Мајами, а во видеото се гледа како Масвидал го предупредува ривалот да не зборува за неговите деца.

УФЦ: Ковингтон го „смачка“ Масвидал па порача: Го изнесов ѓубрето!

Scroll to Top